ФОТО: Грчките медиуми го „уловија“ Заев на викенд на Халкидики

од desk4
117 прегледи

Македонскиот премиер Зоран Заев го поминува викендот на Халкидики, објави радиото „Тесалоники“.
Заев се одмора со својата сопруга и во придружба на еден од вицепремиерите со сопругата.

Како што известува грчкото радио, Заев ќе преноќи во еден од камповите на првиот крак на полуостровот, Касандра, и утре се враќа во Македонија. Престојот на Заев во Грција е исклучиво приватен и не се предвидени никакви средби со грчки политичари или функционери.

Фото: thessnews.gr