Мултимедијален перформанс „Р`тулци“ на сцената на велешкиот театар

од Vladimir Zorba
119 прегледи

 На малата сцена на народниот театар „Јордан Х.К-Џинот“  во Велес  вечер (20:00) ќе биде изведен мултимедијалниот перформанс „Ртулци“ на Инкубатор лабораториите од платформата за развој на современата младинска уметничка сцена.

Целта на мултимедијалниот перформанс е афирмација и промоција на младите креативци.
Перформансот се состои од повеќе кореографии: „Облак“, „Култиватор“, „Extended body#, „Послeден здив“, „Современ тотем“, „Современо танго“, „Сите ние“.
Влезот на публиката ќе биде слободен./МИА