Џорџ Клуни повреден во сообраќајна несреќа со мотоцикл

од desk2
285 прегледи

Холивудскиот актер Џорџ Клуни денеска беше хоспитализиран откако доживеа сообраќајна несреќа возејќи мотоцикл во Сардинија, Италија. Веста прв ја објави локалниот медиум La Nuova Sardegna и таму беше пренесено дека Клуни бил пренесен во болницата „Јован Павле II“.

Од болницата јавија дека повредите не се сериозни и Џорџ Клуни веќе бил пуштен на домашно лекување.

La Nuova Sardegna пишува дека 57-годишниот актер патувал кон филмскиот сет каде требало да се појави на снимање кога автомобил удрил во неговиот мотоцикл. Несреќата се случила во близина на Коста Коралина, во провинцијата Олбија.

Локалниот весник објави и фотографија од местото на несреќата каде се гледа малку оштетениот мотоцикл на Џорџ Клуни. Несреќата се случила така што автомобилот сакал да сврти во лентата во која во тој момент возел Клуни, па така мотоциклот завршил удирајќи се во левата страна од автомобилот.

 

Џорџ Клуни поседува куќа во Италија, на езерото Комо. Тој е во Италија уште од мај, а таму ја снима серијата „Catch-22“, заедно со неговите колеги Хју Лори, Кајл Чендлер и Кристофер Абот.