Времето во Македонија со температури до 36 степени

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, попладне само во крајните северни планински делови ќе има краткотрајна нестабилност. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 29 до 36 степени.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и топло попладне со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

За време на викендот во попладневните часови во западните делови можна е изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а во сабота повремено засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во благо опаѓање.