Отворена спомен соба за првиот македонски претседател Киро Глигоров

од Vladimir Zorba
289 прегледи

Спомен соба на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, беше отворена денеска  во мултимедијалниот центар во Штип. На свеченоста присуствуваа бројни гости, а премиерот пред присутните истакна дека Глигоров е една од нај маркантните личности во поновата македонска историја.

 

„Ние треба да научиме нешто од неговата умереност и политичка прагматичност, да научиме да гледаме подалеку во иднината, да сонуваме уште повеќе и да работиме со уште поголема посветеност и жар. Затоа што само така можеме да очелуваме да ја видиме нашата земја како расте, напредува и чекори, рамо до рамо со земјите од развиениот свет“, посочи премиерот.