Кога сте во двојка пред пријателите избегнувајте три работи

од desk2
143 прегледи

 

Кога двајца се заљубени, остатокот од светот речиси да не постои. Таквото однесување ги нервира луѓето од нивното окружување, а за тоа да се избегне, потребно е проватните работи да си ги задржите за себе.

„Гугање“
Не е лошо на саканата личност да и се обратите со драга или драги, но не мора постојано да се потсетувате еден со друг дека треба нешто да грицнете, да дремнете, колку сте уморни или слично.

„Ние“ во секоја реченица на заљубените двојки е честа појава уште пред да стапат во брак. Секако, дозволено е да кажете ние, ако сте правеле нешто заедно, но ако тоа не е логично во реченицата употребете јас, или тој или таа. Постојат ситуации во кои се зборува како индивидуа.

Покажување нежности во јавност – е исто така една од навиките на заљубените. Но едно е јавно покажување дека сте во врска со некого, а друго е постојано да се мазите, да се бакнувате и да се прегрнувате. Тоа им пречи на другите и им е непријатно.