Против договорите со Бугарија и Грција – договор против државата

од desk4
79 прегледи

На договорите со Бугарија и Грција им претходеше договор против државата, што се спроведуваше единаесет години. Имено последиците од него го прават главниот фронт на отпорот против споменатите два договора.

 

Станува збор за договор што се заврза во врска со обмислувањето на моделот на партијата меѓу лидерот Груевски и Никола Кљусев и мене како негови советници. Советничката позиција беше дека статутот на партијата не е во согласност со Уставот и со европското право и дека треба да се реформира за да добиеме современа демократска партија, каква што е, на пример, германската ЦДУ.

Груевски категорички го одби нашиот предлог, без да даде своја лична аргументација за тоа,туку повикувајќи се на професорот по политички науки Ѓорѓе Иванов,кој го советувал пет пари да не дава за внатрепартиска демократија. Партијата по дефиниција била полувојничка организација, со железна хиерархија и дисциплина,под команда на лидерот.

Колумната на Димитар Димитров во целост прочитајте ја тука