Кои се најплатените славни личности во светот

од desk2
131 прегледи

Познатото списание „Форбс“, според својата долгогодишна традиција, ја објави листата на најплатените личности од јавниот живот.

На чело на годинашната листа е боксерот Флојд Мејведр со заработка од неверојатни 285 милиони долари, а на второто место е актерот и филантроп Џорџ Клуни, кој заработи 239 милиони долари.

Третото место ѝ припадна на ѕвездата Кајли Џенер, која заработи 166 милиони долари во изминатата година.

Меѓу првите пет се најде и Двејн Џонсон, поранешен професионален борач, а сега познат актер и продуцент, со заработка од 124 милиони долари.

Овие имиња ги следат бендовите „У2“ и „Колдплеј“, како и Кристијано Роналдо и Лионел Меси.