Kамила направи хаос на автопат во Москва

од desk2
147 прегледи

Камила предизвика вистински хаос на автопат во Москва, откако наеднаш се појави на асфалтот, а потоа почна да трча преку повеќе сообраќајни ленти. Очекувано, автомобилите кочеа и вртеа, само за да не дојде до судир со камилата.

Споменатата камила беше забележана како трча по автопат, додека возачите останаа зачудени поради неочекуваниот учесник во сообраќајот, кој го загрози движењето на автомобилите.

Додека останува нерешена мистеријата како оваа камила се појави на автопат, локалните медиуми пишуваат дека таа најверојатно побегнала од циркус.

https://www.youtube.com/watch?v=ztQls8V2610