Во Србија регистрирани се 41 случај на заболени од треска на Западен Нил, вклучително и три смртни случаи, објави Институтот за јавно здравје на Србија.

Според податоците на Институтот, во Белград се регистрирани 14 случаи, во Јужнобанатскиот 14, Јужнобачкиот 9, Подунавскиот 1, Среднобанатски 1, и Сремскиот округ со 2 заболени. Сите заболени се на возраст од31 до 84 години.
Треската на Западен Нил е вирусно заболување кое се пренесува со убод од комарец.