Милијардерот Гилкс ја теши Шарапова по фијаското на Вимблдон

од desk2
108 прегледи

Папарацо фотографите ја фатија руската тенисерка Марија Шарапова како се одмара во Италија по разочарувачкиот настап на Вимблдон во почетокот на јули.

Шпанското издание на таблоидот TMZ објави секси фотографии на кои Шарапова ужива на лежалка облечена во црни бикини, со вниманието насочено во нејзиниот смартфон, а нејзиното момче, британскиот милијардер Александер Гилкс, се обидува да ѝ го подобри расположението.