Европската унија и САД се сојузници, а не непријатели . Ова го изјави претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер при средбата со американскиот претседател Доналд Трамп.

Јункер во посета на САД, за време на која ќе се обиде да ги надмине противречностите меѓу Европа и Америка за прашањата на светската трговија, односите со Русија и предизвиците на светската безбедност на позадината на бегалските потоци и радикалниот ислам, забележуваат агенциите.

Гардијан забележува дека Јункер му се заблагодариl на Трамп за поканата да разговара за трговските односи.

Америка и Европа се блиски партнери и сојузници, а не непријатели, вели Јункер – затоа треба да работиме заедно. На овој начин претседателот на ЕК mu  реплицира на Трамп, кој неодамна изјави дека ЕУ е “непријател”, кога станува збор за трговија.

Јункер рече дека верува оти разговорите треба да се фокусираат на намалување на тарифите, наместо да ги зголемуваат.

Во одговорот, Трамп вели дека се согласува! Америка ќе биде многу задоволна ако нема тарифи, бариери или субвенции, рече американскиот претседател.

Сакаме реципрочна трговија. Се надеваме дека ќе постигнеме нешто добро, а кога ќе го направиме тоа, ќе бидеш првиот што ќе го научиш “, заклучи Доналд Трамп.

Вол Стрит започна со оптимизам во пресрет на денешната средба меѓу Јункер и Трамп.