Спирцис: 26 луѓе изгореа поради еден ѕид, ќе урнеме се!

од desk2
143 прегледи

Грчките министри велат дека причина за смртта на многу луѓе во пожарите околу Атина и во селото Мати е масовната дива изградба, и дека иста опасност демне во целата земја.

Министерот за одбрана Панос Каменос го посети Мати.

„Не препуштивте на божјата милост, веќе немаме ништо“, му довикна една жителка.

Министерот одговори укажувајќи на проблемот со дивите градби, какви што се повеќето на брегот.

„По оваа трагедија, време е сопствениците да сфатат дека тоа што не ги почитуваат правилата и законите, опасно е и за нив и за нивните семејства“, рече тој.

Од 2.489 куќи во таа викенд-населба, речиси половина се изгорени и во нив не може да се живее, а другите се оштетени, соопшти Министерството за инфраструктура.

Шефот на тоа министерстви, Христос Спирцис денеска рече дека ќе бидат ревидирани сите градежни дозволи на објекти изградени во тоа изгорено шумско место и околината.

„Ќе урнеме се што треба“, рече тој и објасни дека во пожарот загинале 26 луѓе кои не можеле да стигнат до плажата заради диво изграден ѕид.

Министерот наведе дека државата ќе наметне урбанистички и градежни планови, и потсети на несредениот катастар на недвижности, на непотполни мапи на шумските подрачја.

„Не е само мати без урбанистички план, не е само Атина, туку цела Грција – за тоа мора да бидеме свесни“, рече тој.

Биејќи во тек е тридневна жалост за повеќе од 80 жртви од пожарот, грчките политичари се воздржуваат од размена на обвинувања и вперување на прстот во одговорните за таа незапамтена трагедија.

Медиумите укажувааѕ дека опозицијата се подготвува уште утре штом заврши жалоста да го отворат тоа поглавје, со тоа што грција влегува во предизборен период.

На сегашниот состав мандатот им истекува во сепрември 2019 година, но тие се подготвуваат за избори во мај, заедно со европските. Опозицијата се надева дека уште оваа есен ќе има предвремени избори.