Прва оставка во Грција за катастрофалните пожари

од desk4
150 прегледи

Бројот на загинати во катастрофалните пожари во близина на Атина достигна 88 луѓе

Бројот на загинати во катастрофалните пожари во близина на Атина достигна 88 лица. Заменикот градоначалник на опожарениот регион, кој има дел од областите погодени од пожарите, денес поднесе оставка поради трагедијата.  Ова е прва оставка на претставник на властите по пожарите, информира Ројтерс.

Истрагата за причините за пожарите започна во понеделникот, што, за среќа, е веќе под контрола . Состојбата на десет жртви од пожарите останува опасна по живот, информира грчкото државно радио ERT. Извор близок до истрагата, соопшти дека еден од пожарите бил предизвикан случајно од жител од Рафина, пишува грчкиот весник. “Катимерини”. Се смета дека тоа се случило ненамерно, додека мажот се обидувал да изгори суви гранки и трева.

Трагичните судбини на преживеаните од катастрофалниот пожар во Грција

Во меѓувреме, започнаа погребите на жртвите од катастрофалните пожари во Грција. Денес, постар свештеник кој бил изваден од  морето и бил погребан .ЗАгинал во обид да се спаси од огнот во Мати. Стотици луѓе присуствуваа на погребот на свештеникот. Три члена на семејството ќе бидат погребани утре во Мати. Грчкиот премиер Алексис Ципрас вчера изјави дека ја презема сета политичка одговорност за катастрофалните пожари.