Италија: Идентификувано тело на скијач исчезнат во 1954 година

од desk2
117 прегледи

Француски скијач, кој исчезна во Италија во 1954 година и чии остатоци се пронајдени во 2005 година, конечно е идентификуван, откако приказната за него е објавена на Facebook, соопшти италијанската полиција.

Човечки остатоци, опрема за скијање и очила, пронајдени се во 2005 година, во италијанскиот регион Аости, а истражувачите тогаш не успеаја да ја идентификуваат жртвата, се додека фотографиите од најдените предмети не беа објавени на Facebook, пренесува „BBC“.

Едно француско семејство, гледајќи ги овие фотографии, заклучи дека очилата се слични на оние кои му припаѓале на нивниот роднина Анри Ле Ман.

Поради тоа беше започнат процес на вештачење, преку кој се потврди дека станува збор токму за тој човек.

https://www.facebook.com/thelocalfrance/posts/1906141382741992

Инаку, остатоците и предметите се откриени на висина од 3.000 метри во Алпите, во близина на швајцарската граница.

Помеѓу нив имаше и знаци за препознавање на идентитетот на исчезнатото лице, како што се облека, на која се испишани иницијали, но и дрвени скии, кои во тоа време беа доста скапи.

Меѓутоа, истражувачите сепак не успеаја да откријат за кој човек станува збор, се додека сликите не се објавија на оваа популарна социјална мрежа.