Кинеската воена морнарица ќе има седум носачи на авиони наместо четири и тоа до 2025-та година. „Тип 001А“ кој ќе биде првиот носач произведен во Кина веќе ги минал првите тестови.

Од кинеските бродоградилишта кои што веќе работат на „Тип 002“, во меѓувреме „протече“ фотографијата од новиот кинески носач на авиони. Фотографијата веднаш беше отстранета, но таа се рашири на интернет каде што експресно започна дебата за амбициите на кинеската морнарица и плановите на Кина.
Фотографијата го открива идниот „Тип 002“ со голема палуба, писта за слетување слична на американските носачи на авиони и три електромагнетни лансирни катапулт системи за авионите.

Сето ова претставува технолошки скок во однос на суперносачите на авиони со кои што со децении веќе располага американската воена морнарица. Се смета дека овој кинески носач на авиони ќе има 70 илјади тони и ќе биде изграден до 2021-ва година.
Карактеристиките на новиот носач на авиони ќе бидат многу понапредни од „Тип 001А“, кој што има одскочна писта за застарените кратки полетувања, но и систем кој што ја ограничува брзината на лансирање и капацитетот на оружје кој што го носи самиот носач на авиони.
Благодарение на „Тип002“, кинеската армија ќе може да пренесе различни авиони на големи дестинации за кратко време. Доколку носачот на авиони функционира според замислите, тоа ќе ја направи кинеската војска една од најмоќните на светот.
А, тоа се чини дека е само почетокот. Кина има големи амбиции кога станува збор за воената морнарица, веќе го гради својот четврт носач на авиони кој ќе има нуклеарен погон и ќе биде ривал на американската класа на носачи на авиони „Нимиц“ со кои што армијата на САД оперира веќе половина век.