Делата на сите големи уметници досега се овековечуваа на ѕидовите од музеите, но тоа повеќе не е единствениот начин да го продолжиме нивниот живот. Сега, работата на Винсент Ван Гог е вратена во живот на стилски начин, во новата модна колекција на компанијата за чевли „Vans“ наречена „Vans x Van Gogh Museum“ (Ванс наспроти Музејот Ван Гог).

Секое модно парче во оваа линија е инспирирано од некоја од четирите дела на холандскиот сликар: Череп, Сончогледи, Бадемов цвет и автопортретот Ван Гог. Oваа специјална модна линија, освен чевли ќе вклучува и маици, јакни, кошули, дуксери и бејзбол капи.
„Ние сме воодушевени од колекцијата „Vans x Van Gogh Museum”, бидејќи е поврзана со нашата мисија да ги направиме животот и работата на Винсент Ван Гог достапна до што е можно повеќе луѓе, со цел да ги инспирираме и да ги збогатиме нивните животи“, вели Адријан Донзелман, главниот директор на Музејот Ван Гог во Амстердам.
Модната линија ќе биде достапна од 3 август, 2018 година на веб-сајтот на Ванс, како и во продавницата на музејот. Дел од заработените пари од продажбата на овие модни парчиња, ќе се употреби за одржување и заштита на делата на Ван Гог во музејот.