Зачестените топлински бранови носат зголемена смртност до 2.000 посто

од desk2
72 прегледи

 

Процентот на смртност поради топлинските бранови може да се зголеми до 2.000 посто во некои делови на светот до 2080 година, се наведува во студијата објавена во стручното спосание PLOS Medicine.

Научниците одамна предупредуваат на климатските промени кои со себе ќе донесат се поекстремни временки услови во светот од топлински бранови до урагани.

Авторите напоменуваат дека ова е најголема ваква студија која ја истражуав смртноста поради топлинските бранови, за кои се предвидува дека ќе зајакнат и ќе зачестат.

„Идните топлинските бранови ќе бидат се почести, се појаки и ќе траат се подолго“, вели вонредниот професор Јуминг Гуо од Универзитетот Монаш во Австралија.

Новата студија опфатила 20 земји на четири континенти и авторите заклучија дека пораст на смртност ќе има околу екваторот.

Најтешко погодена ќе биде Колумбија на која и се заканува зголемување на сртноста до 2.000 посто поради екстремните жештини, и тоа во периодот од 2031 до 2080, во споредба со перидот од 1971 до 2010 година.

Филипините и Бразил исто така ќе имаат драстичен пораст на прерана смртност поради горештините.

Антонио Гаспарини, стручњак од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, еден од соавторите на студијата, забележа дека во моментот неколку земји се погодени од драстични топлински бранови.

„Но, добрата вест е ако ги ублажиме емисиите на стакленички гасови, (…) тогаш влијанието ќе е многу помало“, заклучува Гаспарини.