Верона ова не го памти: Стадионот распродаден за 24 часа

од desk2
96 прегледи

 

Доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус ги подигна сите во Италија, а денешната информација е последен доказ.

Јунетус во првото коло од Серија А ќе гостува на Киево кој своите натпревари ги игра на стадионот Бентегоди во Верона.

Стадионот секогаш има некои „дупки“ дури и кога локалната Верона игра со некој поголем клуб, но овој пат се е распродадено за 24 часа, затоа што Роналдо ќе игра за прв пат во дресот на Јувентус.

31 илјада луѓе ќе дојдат да го видат неговиот настап.