Триесет организации почнаа кампања за бојкот на референдумот

од desk2
353 прегледи

Триесет организации потпишаа денеска Меморандум за стратешка соработка со цел бојкот на референдумот.

Тие формираа т.н Кризен штаб за кампањата, а се предводени од Јанко Бачев од Единствена Македонија. 

Во кампањата што ќе пропагира бојкот на референдумот се вклучија Христијанско братство, Македониум, Аманет 1903, Трета партија на Македонците, Тврдокорните, ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција и други партии и невладини организации.

Кампањата ја почнаа под слоганот „Македонија бојкотира“, а најавија дека ќе одат од врата на врата за да ги убедат луѓето да не излегуваат на референдум.

Слични содржини