Јадранот секоја година се потопол, а тоа не е наивно

од desk2
90 прегледи

 

Просечната температура на водата во Јадранското Море секоја година пораснува за 0,6 степени Целзиусови, соопшти Институтот за биологија на морето во Котор.

Како што се укажува, тоа им одговара на инвазивните билни и животински видови. „Тоа, пред се, се риби, ракови, и други морски организми, кои во најголем дел негативно влијаат н а морксиот екосистем, а еден од пресудните фактори е и зголемувањето на температурата на морската вода“, наведува Институтот.

Се додава дека и новите, отпорни животински видови ги потиснуваат домицилните, пренесе РТЦГ.

„Со самото тоа ќе направат одредена штета која, пред се се однесува на намалување во рибарството, затоа што го заземаат просторот во однос на домашните видови“, истакнуваат од Институтот.