Титулата војвотка ја има само тримесеци, но во толку краток период Меган марк успеа да направи повеќе драматични ситуации од кој било член на британското кралско семејство. Но за тоа тоа не е виновнаа таа, туку нејзиното семејство.

Токму тие, татко и Томас, братот Томас Јуниор, и полусестрата Саманта, но и роднините, и направија штета нејзе и на целото кралско семејство со јавните настапи и „плукањето“, а за тоа не се каат. Со сите сили се трудат на секој можен начин да заработат нешто.
Иако до сега се држеа до тоа дека е подобро да се молчи и да се решат проблемите околу драмата поврзана со Меган, откако нејзиниот татко во своето последно интервју откри дека му затворил слушалка на принцот Хари, според извори блиски до кралското семејство, тие сега се одлучиле на агресивна стратегија со која имаат намера да ја решат ситуацијата која им ја приредија таткото и полусестрата на војвотката од Сасекс.
„Никој не сака да гледа продолженија на ова. Меган помина низ многу тешки периоди со татко и низ минатото, но и понатаму го сака, па целата ситуација е многу тешка за неа“, вели извор близок до кралското семејство.
Се чини дека ќе мора да побрзаат со драстичните мерки затоа што семејството Маркл нема намера да сопре. Така полубратот Томас неодамна изјави дека татко му секогаш ја ставал Меган на прво место пред него и пред полусестрата, па го оцени однесувањето на Магеанкако сурово.
„Тој и даде се, а таа сега вака му враа. Велат крвта е појака од водата, но се чини дека сега во нејзините вени тече кралска крв. Ми се кине срцето кога гледам како тоа боли и колку патење му нанесе на моето семејство. Секој што ја видел Мег знае дека со татко ми беа нераздвојни, а сега се чини дека никогаш нема да му прозбори“.