Ако не скате да престанете со пушење, од страв дека ќе се здебелите оваа студија покажува дека подобро е да имате вишок килограми отколку да пуштие. Во споредба со пушачите, оние кои најмногу се здебелиле имале 50 отсто помал ризик од умирање ос рцеви болести и други причинители, откри студија спроведена под водство на харвард.

Доктор Вилијам Дајц, стручњак за здравство на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, вели дека студијата е импресивна по големина и треба да ги урне митовите за здравствените проблеми кои ги чекаат оние кои се откажале од пушење.
„Студијата јасно покажува дека вашето здравје се подобрува кога престанувате да пуштие, дури и ако добиете на тежина“, вели тој.
Студијата е објавена во The New England of Medicine. истиот магазин објави и шведска студија која откри дека престанокот со пушење е најдобра работа која дијабетичарите може да ја направат за да го намалат ризикот од прерано умирање.
Никотинот во цигарите може да го намали апетитот и да го поттике метаболизмот. Многу луше кога ќе престанат да пушат јадат повеќе и се здебелуваат до 4,5 кг или повеќе. Големата телсна тежина предизвикува дијабет, кој предизвикува ослепување, оштетување на нервите, болести на срцето и бубрезите, слаб проток на крвта.
Американската студија следела 170.000 мажи и жени во рок од 20 години, прверувајќи седкои две години кои престанале да пушат и дали се здебелиле, па и дали од тоа добиле дијабетес, болсети на срцето и слично. Се заклучило дека ризикот од дијабетес кај нив пораснал за 22 отсто во рок од 6 години по престанокот на пушењето. Но, тој ризик не е траен и не доведува до зголемување на ризикот од прерана смрт, како пушењето.
Заклучокот на истражувачите е дека без оглед на добиената тежина, лицата кои ќе престанат да пуашт имаат помал ризик за прерана смрт.