Лицата кои лесно се засрамуваат се идеални партнери

од desk2
116 прегледи

Научниците од калифорнискиот Универзитет Баркли тврдат дека лицата кои лесно се засрамуваат се идеални партнери бидејќи тие се подоверливи, пољубезни и посклони кон моногамија. 

Во истражувањето учествувале 60 студенти од Универзитетот и прераскажувале ситуации во кои биле засрамени, а потоа учествувале во игра во која се проценувала нивната несебичност.

Врз основа на собраните податоци научниците заклучиле дека таквите лица најмногу биле засрамени во незгодна ситуација и не биле себични. 

Но, станува збор само за лица со умерено ниво на засраменост, а не за оние кои се многу срамежливи или анксиозни.

– Умереното ниво на засраменост е знак на доблест. Студијата покажа дека е добро кога на некого му е непријатно и оти тоа не е нешто против што треба да се бори. Овие резултати добро ќе им дојдат на луѓето кои бараат лојални партнери, мажи или жени на кои можат да се потпрат било да станува збор за деловен или љубовен однос, истакнува Метју Фејнберг од Универзитетот Беркли.