Ситуации кои со партнерот не смеете да ги решавате со порака

од desk2
89 прегледи

 

Често со неразмислување или страв да му кажеме нешто на партнерот во живот, тоа го правиме преку порака. Но, грешиме, затоа што постојат работи кои никако не смееме да ги напишеме во порака, туку да ги кажеме лице в лице.

Жалби – Забележките од типот „Пак не си го фрлил ѓубрето“, „Дали мора сто пати да ти кажам да ја изметиш куќата“, треба да се кажат во живот. Со оглед на тоа дека другата страна не ни го слуша гласот, не може да знае колку ситуацијата е сериозна. Од иста причина, не пишувајте ни обвиненија.

Навреди – „Ти си неодговорен“, „Не сум запознал/а побесчуствителна личност“, „Ми се гадиш“ – се изјави кои никако не треба да се најдат во пишаната комуникација. Звучат прегрубо, а подоцна може и да се покаете, особено ако сте реагирале импулсивно.

Извинувања – Убаво е да се извините кога ќе направите нешто лошо, но не со порака. Тоа се работи кои се кажуваат во живо или барем во телефонски разговор.

Важни информации – немојте важните информации, вести, убави или лоши, да ги соопштуваат преку порака. Веста за унапредување, отказ, прва изјава на љубов треба да се кажат лично.

Тајни – Секогаш размислувајте дека пораката може да ја види и друг, случајно или не. Па така, местото на тајните не им е во порака, не оставајте пишана трага.