Hugo Boss ја претстави новата модна колекција во чест на Мајкл Џексон

од desk2
138 прегледи

Мајкл Џексон и по својата смрт се уште доминира на плејлистите и е еден од најслушаните уметници во музичката историја.


Токму поради неговите хитови кои засекогаш ќе “траат”, брендот Hugo Boss одлучи да ја посвети својата нова колекција токму на легендарниот пејач и да го земе како главна инспирација.

Новата линија на облека слободно може да се нарече “бела” бидејќи се состои од феноменални бели одела кои сигурно ќе бидат остварување на соништата за сите мажи кои се љубители на оваа боја. На омотот за албумот Thriller, Џексон исто така носел чисто бело бело, па оттаму и врската помеѓу него и колекцијата.

Boss на овој начин му оддал почит на славниот пејач и се потрудил да ја врати модата од 80-тите. Секако, покрај белите одела, во колекцијата ќе се најдат и маици, кошули и панталони, од кои некои содржат фотографии и зборови од Мајкл.

Колекцијата официјално ќе биде претставена на 29-ти август, на роденденот на легендарниот Џексон.