Мед и ореви лечат од анемија и го зајакнуваат срцето

од desk2
181 прегледи

 

Мешавината од овие две состојки посебно е делотворна кај исцрпеност и малокрвност, а погодни се и за лечење хипертензија.

Еве рецепт како да го направите овој природен лек.

Во комбинација со медот, оревите се природен лек што на организмот му обезбедуваат неопходни витамини, минерал, белковини, масти и јагленохидрати.

Мешавината од овие две состојке особено е делотворна кај исцрпеност и малокрвност.

Лекот се подготвува така што во 500 грама ливадски мед се мешаат исто токлу мелени ореви и еден лимон. Лажичка од овој домашен препарат се зема на секои три четири часа се до оздравување.

За лечење на хипертензија и анемија предизвикана од недостаток на железо секојдневно се земаат 100 грама ореви со иста количина мед во траење од најмалку 45 дена.