Мал тест: Дали ќе бидете добар татко

од desk2
101 прегледи

По одредено време поминато со саканиот маж ви се појавуваат прашања за заедничкиот живот и формирањето семејство. Можеби заедно супер функционирате, но што ќе се случи доколку во вашиот живот дојде бебе? Далиот вашиот сакан има татковски потенцијали? Тоа можете да го проверите со овие важни показатели:

1. Кон својата мајка се однесува со почитување

Дали ја почитува својата мајка? Дали често ја посетува? И помага ли во плаќањето на сметките? Доколку одговорите на овие прашања се потврдни значи дека мајката добро го воспитала да ги почитува жените и оти и вас ќе ве почитува кога ќе станете мајка. Односот кон членовите на семејството е еден од првите индикатори на кои морате да посветите внимание.

2. Несебичен е

Која е првата работа, која ја учат сите родители? Повеќе никогаш не се на прво место. Доколку имате егоцентричен маж насочен првенствено кон сопствените потреби и желби, бидете внимателни. Секако секогаш постојат и такви на кои раѓањето на детето во целост им ги менува животните приоритети. 

3. Не е гадлив

Малите деца се валкани. Валкани пелени, повраќаници и сето тоа се случува многу често во истовреме. Да се биде родител значи да се биде подготвен за овие работи 24 часа дневно. Вистински татковци се оние кои веднаш реагираат да го исчистат нередот, со цел да и овозможат на мајката да се одмори.

4. Тој е прекрасен вујко/чичко

Внуците се најблиски деца до сопственото дете. Доколку често се дружи со нив, ги носи во кино и не ги заборава нивните родендени (за кои подароците ги купува сам) има голем потенцијал за вистински татко. 

5. Не му пречи да добива упатства од жената

Некои мажи сакаат да ги одвојат машките од женските работи. Учествувањето во домашните работи кои се сведуваат на поправање славини кои протекуваат, не менува нешто значително во семејниот живот. Освен што ќе мора да учествува во организирањето на работите, упатства воглавно ќе добива и од сопругата, која сепак ги држи сите конци в рака.

6. Има смисла за хумор

За да го преживеете одгледувањето на деца смислата за хумор ви е неопходна. Во голем број ситуации ќе ви биде од помош единствено заедничката смисла за хумор, со која ќе успеете и полесно да ги пребродите проблемите и непреспаните ноќи.