Пушењето во бременоста штетно по успехот на детето во училиште

од desk2
96 прегледи

Децата, чии мајки пушеле за време на бременоста една или повеќе кутии цигари дневно, можат да имаат проблеми со читањето, покажуваат најновите истражувања.

Истражувачите анализирале повеќе од 5.000 деца во Велика Британија и ги споредиле резултатите на низа тестови кои се однесуваат на точноста на прочитани текстови на глас, но и разбирање на она што го прочитале. Децата кои се тестирани била на возраст од седум до девет години. 

Во просек, децата чии мајки за време на бременоста пушеле најмалку една кутија цигари на ден имале за 21 процен послаби резултати на тестовите во споредба со децата чии мајки биле непушачи.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека дете чија мајка пуши ќе биде седум места пониско во способноста на читање и разбирање на текстот во споредба со децата чии мајки се непушачи.

Во истражувањето се наведува и дека последиците од пушењето во бременоста посебно се забележливи кај децата со изразена говорна мана, што укажува на поврзаност на изложеност на никотинот во матката и наследни карактеристики, како што е способноста на говорот.