Љубовните пеперутки во вашиот стомак почнаа да ви предизвикуваат мачнини, а единствено што чувствувате во последно време е неизвесноста, која ве доведува до лудило.
Опасно сте се загреале за момчето, кој со вас си игра топло-ладно. Следи листа на неколку индикатори, кои укажуваат дека не ве сфаќа сериозно.
1. Не се дружи со вас во текот на денот
Се гледате со месеци, а не сте дошле до фазата на прошетки во парк, а камоли држање за раце. Веќе со недели имате феноменален секс, а ниту еднаш не ве повикал за да ви го слушне гласот? Знајте дека вашето момче добило крилја или дека не го интересира ништо освен жешките ноќи во кревет со вас. Наместо да кукате и да се јадете самите себеси со прашањето каде ова води, спуштете го на земја и проверете дали тој навистина е заинтересиран за вас. Поканете го на кафе или чај за да ја видите неговата реакција.
2. Комуницирате само кога на него му одговара
Сте му пратиле порака, а тој секогаш ви одговара после десет часа или повикот ви го возвраќа околу 23 часот, бидејќи сака да намине кај вас само заради секс? По се изгледа има поважна работа, како што е пиво со другарите или одење на кино со саканата за која вие не знаете, а можеби е само окупиран со својата работа и животните проблеми и едноставно нема време? Во секој случај, следниот пат не му одговарајте на пораката или на повикот.
3. Дистанциран е
Поминува со вас време и надвор од креветот, меѓутоа не предлага заеднички викенд, не ви говори како да го поминете денот, не знаете за неговиот став за врските, жените или љубовта генерално. На секое ваше прашање зазема одбранбен став и одговара со ментални досетки, а сериозните теми ги врти на шега. Очигледно е дека не планира да ви го отвори своето срце, а со вас добро му доаѓа само сексот. Такво необврзувачко дружење не може да се нарече врска.
4. Заминал на патување и не ви се јавил една недела
Се вратил како ништо да не се случило и дури и без магнети за фрижидер, а знае дека ги собирате. Од патувањето ви донел само евтин изговор дека му го украле мобилниот или дека немал Интернет на телефонот. Дали воопшто треба да се коментира тој чекор во денешното време на современа технологија?
5, Ве остава на цедило и ве крие од очите на јавноста.
Тој за вас е совршен маж: сексот ви е добар, ве опсипува со внимание, има уверлив одговор на секое ваше прашање, го интересира дали вашата баба закрепнала од скршениот колк…Меѓутоа не е прв пат да ви го откаже состанокот во последен час, да ја одложи средбата кога требал да ги запознае вашите пријателки. Не дошол на вашата промоција, ниту излегувате заедно. Доколку се уште не сте ги запознале неговите пријатели, верувајте дека средбата со неговите родители е последната работа, која му паѓа на памет.