Алиоски погоди за Лидс (ВИДЕО)

од desk2
91 прегледи

Македонскиот репрезентативец на минатиот меч беше изваден од игра по само 45 минути, денес постигна убав гол на гостувањето кај Норвич.

Лидс гостува кај Норвич во петтата рунда натпревари од англиската Чемпионшиплига, а тимот на Марсело Биелса игра фантастично во неколкуте воведни кола од тој шампионат.

Нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски во 26. минута од таа средба погоди за 0-2 по само пет минути од водечкиот гол за тимот од Еланд Роуд, а Македонецот одлично се снајде во казнениот простор на домаќините постигнувајќи го вториот гол во новата сезона од Чемпионпишлигата по оној против Дерби.

https://twitter.com/Backagain28/status/1033361391191818240

Ова е најубав можен одговор на Алиоски по мечот од минатото коло каде Лидс на гостувањето кај Свонси одигра 2-2, а нашиот офанзивец беше заменет по само 45 минути игра, а Биелса имаше објаснување за таа негова одлука./24 Фудбал