Фановите на Џенова молчеа 43 минути во спомен на жртвите на трагедијата

од desk2
105 прегледи

Фановите на Џенова за време на натпреварот од втората рунда од првенството во Серија А против Емполи, во сеќавање на жртвите од падот на мостот „Моранди“ молчеа 43 минути.


Навивачите молчеа по една минута за сите 43 жртви, а потоа извикуваа Џенова, Џенова, додека на семафорот се прикажуваа имињата на жртвите од катастрофата.

Колапсот се случи на 14 август. Во времето на несреќата, на мостот имало повеќе од 30 возила.