Хотел што нуди развод за еден викенд

од desk2
166 прегледи

„Диворс хотел“ во Холандија на двојките им нуди брзо бегство од монотонијата на брачниот живот. Несреќните брачни двојки за само еден викенд можат да го завршат својот брак со помош на стручен тим, адвокати и луксузно сместување, со одвоени соби, секако. 

-Несреќните брачни двојки во хотелот пристигнуваат во петок, а ние за нив го правиме сето тоа што е потребно за во недела да си заминат дома разведени и со документи, изјави Џим Халфенс, човекот кој ја осмисли оваа идеја.

-Разводите можат многу да чинат и да одземат многу време, а кај нас сето тоа е готово за само три дена, додаде тој.

Двојките можат да отседнат во еден од шесте вакви хотели во Холандија, а со нив оди и посебен „пакет“, што се заедно чини меѓу 2.500 и 10.000 долари, во зависност од тоа колку е комплицирана самата ситуација во бракот и од тоа од каде пристигнува двојката. 

-Имаме се што им треба за развод, од адвокат до психолог, тврди Халфенс.

-Бракот не им успеал и тоа е негативно, но тоа воедно е и нов почеток, што е позитивно. Единствено што ние можеме да направиме е да им понудиме подобро решение од долгогодишната битка, додаде тој.

Халфенс планира да отвори синџир вакви хотели во САД, каде еден од два брака завршуваат со развод.

– Луѓето се видливо заинтересирани, бидејќи им нудиме нешто единствен“, вели тој.

Слични содржини