Парите се главен извор на стрес за 64 отсто возрасни лица, покажува истражувањето спроведено во САД. 
По парите следат работата, која е извор на стрес за 60 проценти возрасни, семејните обврски за 47 отсто и здравјето за 46 отсто.
Една четвртина од испитаниците изјавиле дека парите им претставуваат извор на екстремен стрес, а истражувањето утврдило дека парите најчесто се главен извор на стрес за жените и младите лица.
Освен тоа, парите спаѓаат и меѓу најчестите причини за конфликт меѓу партнерите, покажуваат податоците на истражувањето на Американското психолошко општество, спроведено со учество на над 3.000 испитаници.