Американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа за ситуацијата на Балканот, соопшти кабинетот.

Портпаролот на Меркел, Стефан Сеиберт, не открива детали за разговорот. “Фокусот беше ставен на актуелните меѓународни предизвици, како и на трговските прашања”, рече тој.
“Канцеларката и претседателот ја споделија својата загриженост за настаните во Сирија, особено за хуманитарната ситуација во Идлиб, и за ртоа дека Русија треба да биде повикана да влијае на сирискиот режим со цел да се спречи понатамошна ескалација”. рече Сејберт.
“Други теми од разговорот беа ситуацијата во Украина и во регионот на Западен Балкан”, додаде тој. / ТАСС