Боливијка со 118 години – најстара жена во светот

од desk2
96 прегледи

Хулија Флорес Колке од Боливија е најстарата жена во светот. И покрај тоа што на 26 октомври ќе наполни 118 години, оваа Боливијка пее на мајчиниот кечуа јазик и свири чаранго.


Во личната карта и пишува дека е родена во 1900 година, во рударско село во планините на Боливија.

За неа се верува дека е најстарата жена во светот, иако тоа не е потврдено во Гинисовата книга на рекорди бидејќи не е поднесено такво барање.