9-годишно дете извршило самоубиство по четиридневно хомофобично злоставување во едно училиште во Денвер, изјавила неговата мајка за американските медиуми.

Лиа Пирс раскажала дека нејзиниот син Џамел Мајлс ова лето открил дека е хомосексуалец.
“Изгледаше преплашено кога ми кажа: “Мамо, јас сум геј”. Бевме во автомобилот и го погледнав, а тој седеше склопчен додека го говореше тоа. Му кажав дека уште го сакам”, изјавила мајката на Џамел.

“Децата на училиште му велеле да се убие”
Џамел тргнал во четврто одделение во понеделникот, а неговата мајка го пронашла мртов во нивниот дом во четвртокот.
“Само четири дена на училиште. Можам да замислам што му зборувале. Мојот син ѝ признал на мојата најстара ќерка дека децата му зборувале да се убие. Тажна сум што не ми се обрати на мене”, додала Леа.
“И децата и родителите треба да преземат одговорност”
Пирс рекла дека истапила во јавност со цел да ги прикаже последиците од малтретирањето на училиште.
“Мислам дека сите треба да преземат одговорност, и децата кои го прават тоа бидејќи знаат дека е погрешно, дека не сакаат некој друг да им го прави тоа на нив, и родителите кои очигледно ги учат своите деца на такво однесување или така се однесуваат кон нив”.
Училишниот округ во Денвер испратил писмо до семејството на Џамел во кое се наведува дека ќе “пружат дополнителни услуги за советување на учениците и ќе продолжат да му пружаат подрршка на семејството”.