Статуа со златна боја која го претставува турскиот претседател Реџеп Таип Ердпган во поза на некогашниот ирачки лидер Садам Хусеин подигната е во централниот германски град Визбаден во рамки на фестивалот чија парола е „лоши вести“.

Ердоган со подигната десна рака претставен е на статуата како онаа на која беше прикажан Садам Хусеин, а која американските власти ја урнаа во Ирак во 2003 година.
Локалниот весник Wiesbadener Kurier пишува дека статуата е подигната вчера во центарот на градот.
Градксите власти овој проект го одобрија како дел од актуелниот уметнички фестивал, но не знаеја дека ќе биде претставен турскиот претседател.
Организаторите на фестивалот не се достапни за коментар.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=rvqXmNR_Cr0