Љубовта е едноставна – прва лага која ќе ја слушнеме како мали девојчиња, но не би требало да биде ни премногу комплицирано. 
Ако љубовта е вистинска, мора да биде комплицирана
Погрешно. Ромео и Јулија не се пример за идеална љубов. Многу жени остануваат во врска која не е добра за нив затоа што веруваат дека вистинската и страствена љубов мора да биде комплицирана. Возбудувањето е едно, но ако врската е константна борба, најверојатно не е и вистинска.
Љубовта е доволна за опстанок на врската
Секоја врска бара работа и одрекување. Само затоа што се сакате, не значи дека ќе фунционирате како двојка. Ако никој од вас не се труди, љубовта не може и нема да ве спаси.
Спротивностите се привлекуваат 
Навистина, понекогаш е возбудливо да се биде во врска со некој кој размислува целосно поинаку од нас, но таквите работи многу брзо се претвораат во проблеми. Ако вие сакате едно, а тој нешто сосем друго, тешко е дека ќе бидете задоволни дури и ако се најдете на половина пат.
Игнорирањето возбудува
Недостапна девојка секогаш е поинтересна од тие достапните: Навистина, но ако девојката цело време глуми дека е недостапна, со време ќе му се здосади на мажот. Жените често се тешат кога машките ги игнорираат затоа што навистина сакаат да ги освојат, но многу често ги игнорираат затоа што едноставно не е заинересиран.