Работник примил плата 300.000 евра повисока од очекуваното

од desk2
164 прегледи

 

Службеник на владата на Австралија примил 100 пати поголема плата благодарение на децимала на погрешно местo.


Требало да добие плата од 4.921 австралиски долар, а добил 492,176 долари (308 илјади евра повеќе).

Грешката ја пријавил државен ревизор и ја препишал на човечки фактор.

Сепак, работникот ги вратил парите четири недели по применот. Се верува дека би ги вратил и порано, но живее оддалечено од населени места, па треба многу да патува до првата банка.
Поради вакви грешки, австралиската влада чека на поврат од околу пола милион евра.