Меланија Трамп е повторно главна тема на интернет откако е објавено видео кое предизвика различни реакции во јавноста. Дали 48-годишната сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп користи двојничка?
Реакциите на Twitter покренаа нова теорија на заговор во која се тврди дека Меланија Трамп е заменета со двојничка при посетата на детската болница во Охајо. Претседателот на САД и неговата сопруга излегоа од авион во базата Ендрус. Меланија се појави во бело здолниште комбинирано со црна кошула со бели кругови и бело палто.
https://twitter.com/nightlypolitics/status/1033369005988499456
Видеото на Twitter има над 3 милиони прегледи и предизвика полемика дали навистина станува збор за Меланија, потенцирајќи на очигледната разлика во изгледот и држењето на телото, но и во килажата.
„Ова не е Меланија. Која е женава? Се дел од коментарите на интернет. „Ајде луѓе, можеме многу повеќе од теории за заговор за тоа дали е Меланија или користи двојничка. Направете нешто што вреди, прочитајте книга на пример“, гласи друг коментар.
Ова не е првпат да се алудира дека Меланија има двојничка. Пред една година актерката Андреа Вагнер Бартон сподели статус на Facebook во кој праша дали првата дама е заменета со жена слична на неа. Објавата тогаш предизвика вистински хаос, а Трамп тогаш се трудеше да докаже дека навистина станува зобр за жена му, а не за двојничка.
https://www.facebook.com/Andreawagnerbarton/posts/10214853731877308