Пронајдени над 300 угинати желки од загрозен вид во Мексико

од desk2
162 прегледи

Повеќе од 300 морски желки од загрозен вид се пронајдени угинати на една плажа во јужниот дел на Мексико, фатени во рибарска мрежа, која била незаконски поставена, соопштија еколошките власти. 

Ова е второ масовно угинување на желки во Мексико, од видот Ридли (Lepidochelys olivacea) кои се откриени на плажа во Порто Ескондидо во државата Оаксака.

– Тие се удавиле во морето пред околу осум денови, фатени во 120-метарски рибарски мрежи, забранети за употреба, на рибарски брод, соопшти мексиканската служба за истрага на еколошки криминали.

На 17 август властите, исто така, пронашле 122 угинати морски желки на плажа во соседната држава Чиапас, главно од истиот вид. Во овој случај, некои од желките имале повреди на главата или школката.

Мексико го забрани ловењето на морски желки во 1990 година, но се уште постои профитабилен црн пазар за нивните јајца.