40.000 пчели слетаа во центарот на Њујорк (Видео)

од desk2
130 прегледи

Полицијата во Њујорк блокираше дел од 43. улица и Бродвеј откако примиле дојава дека на чадорот на еден штанд за продажба на хот-дог имало рој пчели.

Се верува дека 40.000 пчели слетале на чадорот, а дошле од некој од покривите во Менхетен, поради големите жештини.

Многумина го фотографираа ис нимаа настанот во близина на Тајмс сквер.

Посебно одделение на њујоршки полицајци задолжено за пчелите брзо стигна на местото на настанот, а со заштитни костими и со вакуум бебедно ги собраа пчелите и ги однесоа во нивниот дом на Лонг Ајленд.