Познатата риалити ѕвезда Крис Џенер ги отвори вратите на грандиозниот гардеробер за камерите на W Magazine.

Строго организираните делови од облека, обувки и галантерија се простираат во неколку соби, а импресивниот обем на модната колекција Џенер ја објаснува со неколку причини.
Прво, таа ги собира предметите од неа цели 62 години. И второ, нејзината работа во телевизиското шоу бара буквално секој ден да изненадува со ново стилско решение кое пак наложува „секогаш да имам голем избор“.
Покрај тоа, Крис признава дека има голема страст кон чантите, и дека „секоја од нив е поврзана со неверојатен спомен“.