Модната компанија „Balmain“ ја претстави својата нова армија на модели, но тие не се вистински. 
Оваа сезона еден од директорите на модната куќа, Оливие Рустејн, поттикна виртуелна армија од дигитално создадени модели, кои ги претставија новите производи од последната колекција.
– Секој е секогаш добредојден да се приклучи на армијата на Balmain – треба само да го има нашиот храбар дух за авантура, како што се виртуелните икони Марго, Шуду и Жи кои ја отсликуваат убавината, рок стилот и самодовербата, пишува на веб-страницата на модната куќа.
Моделите се создадени од фотографот Камерон – Џејмс Вилсон, кој ја создаде Шуду во 2017 година.
Таа е позната како првиот дигитален супермодел во светот, а нејзината лична страница во Инстаграм има над 140 илјади следбеници.
Таа веќе е дел од бројни фото сесии, како и заштитно лице на „Fenty Beauty“.