Има ли причина за страв? Ако Белград и Приштина мирно се разграничат што ги чека БиХ и Македонија

од desk4
125 прегледи

  

 

Дали разграничувањето на Србија и Косово навистина е авет која може да го запали балканското буре барут, како што тврдат некои аналитичари? Постои ли начин Белград и Приштина самостојно да се договорат и да спроведат мирољубиво решение, а тоа да не предизвика хаос во БиХ или Македонија? 

До скоро беа осамени гласовите кои воопшто спомнуваа можност за договор за разграничување, а не па отворено да го заговараат. Сепак летото 2018 ни донесе пресврт – се повеќе експерти повикуваат на поддршка на договор за размена на територии и во исто време негираат дека мирното цртање нова граница меѓу Србија и Косово ќе предизвика суден ден на Балканот.

– Нема непосредна причина за паника, тврди Тимоти Лес директор на Организацијата за политички консалтинг „Нова Европа“ и раководител на истражувачкиот проект „Њу Интермариум“ на Универзитетот Кембриџ.

1). БиХ и Република Српска

Заговарачите на „Домино ефектот“ тврдат дека размената на територии меѓу Србија и Косово ќе ги оживее крвавите етнички судири во БиХ. Тимоти Лес, меѓутоа, тврди дека судбината на БиХ многу повеќе зависи од политиката внатре во земјата и поширокото геополитичко опкружување, отколку од случувањата на Косово.

– Ако Балканот беше подложен на прости причинско-последични врски Република Српска ќе прогласеше независност откако тоа го направи Косово во 2008 година. Дури и во мерка во која договорот за поделба на Косово би имал реперкусии така што Сараево би се фокусирало на можноста за отцепување на босанската држава, можеби најпосле би се укажала прилика да се заврши мачната пат-позиција во Босна, напиша неодамна Лес.

Лес смета дека можниот договор за Косово кој го нарекува „револуционерен“ би можел да покаже дека границите не се недопирливи, дека САД повеќе не заземаат одредена страна и оти долгогодишните непријатели можат споровите да ги решат мирно, со преговори, наместо на воено поле.

– Ова би овозможило излез од ќорсокакот и би и дало шанса на Босна да се развие како држава, објасни Лес.

Волфганг Петрич, поранешен специјален пратеник на ЕУ за Косово и поранешен висок претставник на меѓународната заедница за БиХ, предупредува дека административни корекции на границите имаат потенцијални мани доколку не се спроведат внимателно и во тесна соработка со ОН, ЕУ и ОБСЕ. Петрич излегува со јасен предлог.

– Предлагам да се подготви обврзувачки документ за да се стави точка на сите идни гранични спорови, вклучувајќи го и прашањето за Босна, вели Петрич.

На прашањето дали мисли дека постои шанса конечното решавање на косовското прашање да се најде на меѓународна конференција, таканаречен „Дејтон 2“, Петрич вели дека може да замисли формат кој наликува на „Дејтон“.

Марко Прелец, професор на Школата за јавни политики при Централноевропскиот Универзитет смета дека Европа има интензивен и разбирлив страв од промената на национални граници, но и дека разговорите за размена на територии заслужуваат внимателна поддршка од Западот.

Што се однесува до опасноста од генерирање на кризаата во БиХ, Прелец вели Република Српска е сосема друго прашање, каде раководството и многу граѓани навистина сакаат отцепување од БиХ, но знаат дека тоа е невозможно.

– Нивниот регион го претставуваат две половина: сиромашен, мал, источен дел долж границата со Србија и поголем, побогат, западен дел под Хрватска. Србите би можеле утре да прогласат независност, но две третини или повеќе нивни луѓе би биле отсечени на запад, без поврзаност со пријателска територија. Уставот на Босна и Херцеговина на регионот веќе му дава широка автономија, која веројатно би била изгубена доколку отцепувањето не би било успешно, вели Прелец.

2) Македонија

Од друга страна, Прелец вели дека Македонија сега „е далеку постабилна“, дека има „прогресивна, мултиетничка Влада“ и дека „веќе следната година би можела да стане членка на НАТО, додека албанското население е прагматично и се задоволува со живот во држава со добри изгледи за европски интеграции и просперитет“.

Блиц – Белград