Архиерејскиот собор одлучи дека Вселенската патријаршија може да дава автокефалии на црквите, кои посакуваат да добијат независност, без да е потребно останатите патријаршија да дале согласност за тоа.
Ова значи дека Москва нема да може да ја спречи независноста на украинската и македонската црква.
Состанокот се одржа во Истанбул од 1-ви до 3-ти септември, објавија новинските агенции.
Вселенскиот Патријарх Вартоломеј потсети дека со векови Руската Патријаршија си ја дозволила нејзината самоуправа , посочувајќи како пример за епископијата Киев.
Претходно руската и српската Патријаршија се изјаснија против независноста на украинската и на македонската црква, инсистирајќи на тоа дека за да добијат тие автокефалии, потребно е со тоа да се согласуваат сите останати православни цркви. Така, Москва и Белград се надеваа дека ќе го блокираат патот на Македонија и Украина кон независноста на Црквата.
Најверојатно до крајот на септември, Вселенската Патријаршија ќе издаде томос – потврда за независност, на украинската црква. Сè уште не е познато во која фаза е постапката во однос на Македонија и МПЦ-ОА.