Како најбрзо да го исушите лакот на ноктите

од desk2
177 прегледи

На сите ни се случило откако ќе ги налакираме ноктите, да почекаме само неколку минути и веднаш потоа да земеме нешто, на пример телефон. Дури потоа сфаќаме дека сме направиле грешка. Лакот не се исушил и повторно мора да лакираме еден или повеќе нокти. Постои начин кој можете да го примените за побрзо сушење на лакот. 

Во еден сад ставете студена вода и додајте неколку коцки мраз. Потоа налакирајте ги ноктите и почекајте една минута да се потсушат малку на воздух. Потоа прстите ставете ги во садот со вода и држете ги две до три минути. Кога ќе ги извадите ќе забележите водени „меурчиња“ на горниот слој од лакот. Тоа значи дека е сув лакот на ноктите.