Сопатник е тешко повреден, а пет лица се здобиле со лесни полесни повреди во пет од 11 сообраќајки регистрирани во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје.

unbreakable glass damaged by crash
За пречекорување на брзината се санкционирани 58 возачи, исклучени се од сообраќај 12 лица пред да се стекнат со право на управување моторно возило, како и 12 технички неисправни и нерегистрирани автомобили.
Изречени се мерки за непрописно паркирање на 69 возачи, а „пајакот“ подигнал 66 возила.
Полицијата санкционирала и шест возачи кои поминуваат на крстосница на црвено светло и еден за неправилно престигнување.