Средбата меѓу ирскиот премиер Лео Варадкар со канадскиот колега Џастин Трудо го инспирирала авторот на серијалот да зборува за усогласување на чорапите со костумот. За време на таа средба камерата забележала впечатливи чорапи, со црвена подлога и шари, на ирскиот премиер, кој веројатно на тој начин се обидел да го импресионира колегата. 
Поради тоа водителот Герхард Елферс во серијалот „Дрес код“ на Дојче веле открива неколку правила кога станува збор за чорапите.
– Тоа ме натера да помислам дека мора да мислиме на чорапите, истакна водителот на емисијата, додавајќи дека чорапите не се за да ви ги стоплат нозете, туку за да ги тргнат од вид.